Харадинај го урива кредибилитетот на ЕУ | Свет | DW | 18.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Харадинај го урива кредибилитетот на ЕУ

Се чини дека претставниците на Брисел, засега, не успеваат да излезат на крај со последиците од политичките поделби во Приштина. Тоа уште еднаш го потврдија вчерашните состаноци кои завршија на раб на скандал.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај и официјално стана енфан терибл на Брисел. Поточно, така би можел да се оцени неговиот однос со шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.
Двата состанока на Советот за стабилизација и придружување кон ЕУ на Косово со кои претседаваше Могерини, а присуствуваше Харадинај, завршија со откажување на заедничкиот настап пред медиумите.

И додека европската страна секогаш наоѓа дипломатски одговор за одредена ситуација како на пример: „промени во агендата“ или „заеднички договор“, извори кои присуствувале на нивниот состанок говорат за „тензична атмосфера“, па дури и за „директни вербални дуели“.

Минатата година, камен на сопнување беше барањето на Харадинај за поголемо учество на САД во дијалогот Белград- Приштина, што Могерини, како ЕУ посредник во дијалогот, го сфати како критика за нејзината работа. Годинава, косовскиот премиер ја критикуваше ЕУ поради неисполнетото ветување за визна либерализација.

„Ги исполнивме сите услови, но и понатаму живееме во гето. Тоа е неправедно“, изјави Харадинај.
Истовремено, Харадинај уште еднаш го одби барањето на ЕУ да се суспендираат тарифите од 100 проценти воведени на стоките од Србија и БиХ.

„Нема повеќе време за делумни решенија. Истото важи и за тарифите. Тие не можат да се решат поединечно. Бараме решение кое подразбира меѓусебно признавање и столче во ОН“, изјави Харадинај по состанокот со Могерини.

Brüssel Kosovo Delegation bei Mogherini (Getty Images/AFP/S. Lecocq)

Могерини, се чини, го претпочита Хашим Тачи во однос на Рамуш Харадинај во разговорите со Косово

Могерини, заедно со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и комесарката за трговија Сесилија Малмстром, пред состанокот му испратија писмо на Харадинај со барање трговските проблеми меѓу Србија и Косово да се решаваат во „специфичен формат“, а Приштина, „во знак на добра волја“, да ги суспендира воведените тарифи на увозот од Србија и БиХ.

Но и овојпат, барањето на Брисел остана, не само без позитивен, туку и без компромисен одговор од Приштина. Тоа од една страна го доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ како посредник во дијалогот Белград-Приштина и гарант за примена на договорите, додека од друга страна ја зајакнува позицијата на Харадинај, кој во Косово се доживува како заштитник на земјата од наводната наклонетост на ЕУ и особено на Могерини, кон Србија.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама