1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Талат Џафери
Претседателот на Собранието Талат ЏафериФотографија: Petr Stojanovski/DW

Францускиот предлог оди на пленарна седница

ДТЗ
11 јули 2022

Опозицијата бара информацијата да се врати до Владата како нецелосна, но како што информираат од Собранието, тоа не е можно согласно Деловникот.

https://p.dw.com/p/4Dwx5

И по координацијата во Собранието, партиите остануваат на своите цврсти позиции околу францускиот предлог за кревање на ветото и отворање на патот за македонските евроинтеграции. Собранискиот спикер, Талат Џафери, согласно Деловникот, се очекува да ја свика пленарната седница на чиј што дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка. За денес е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред - ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до 5 дена. 

Опозицијата ја префрла топката кај Владата 

На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица. 

Опозицијата присуствуваше на пленарната седница, но само со цел да ги повтори барањата на пратеничката група. „Бараме да се врати информацијата што ја испрати Владата како нецелосен материјал и да не се нарушува дигнитетот на Собранието со еден ваков документ. Листот хартија што Владата го нарекува Информација за содржината на предлог преговарачката рамка за преговори меѓу Македонија и ЕУ е крајно непочитување на нас пратениците. Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната работа во државата во наредните десетина години. Тоа е класична деградација на интегритетот и интелектот на секој пратеник“, рече координаторот на пратеничката група Никола Мицевски. Тој повтори дека ќе побараат информацијата со допис да се врати во Владата и, како што рече, да се потенцира дека за меѓувладината конференција одлучува Владата и таа „да не се крие зад пратениците, барајќи некаква одлука од Собранието“.

Дополнително, тие бараат под итно да се достави македонско-бугарскиот протокол и да им се да даде време и на работните групи кои се формираа во Собранието, да ги разгледаат сите документи кои ги има Владата. „Доколку Џафери и парламентарното мнозинство ги заобиколат и изиграат собраниските процедури, одговорноста за ситуацијата во која ќе се најде државата ќе биде на Талат Џафери, Владата и пратениците од парламентарното мнозинство“, вели Мицевски. 

Политички фолклор 

Но, од парламентот нагласуваат дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, претседателот ја Собранието ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. „Во исто време, нема деловничка одредба која што му овозможува на претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница, се усвојува со донесување на заклучоци по однос на Информацијата“, велат од Собранието.

Северна Македонија Собрание
Опозицијата бара од владата да ги достави сите материјали во врска со францускиот предлогФотографија: Petr Stojanovski/DW

Координаторот пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, пак вели дека материјалите на кои инсистира опозицијата во врска Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, испратена од Владата до законодавниот дом, ќе им бидат дополнително доставени до пратениците преку претседателот на Собранието. 

„Ако овие материјали не биле достапни, тогаш што сме правеле ние 3-4 часа, врз основа на кои документи сме разговарале. Врз основа на кои документи се создава впечаток или врз основа на кои документи се држат прес-конференции од страна на опозициската партија, така што затоа уште еднаш ова можам да го наречам само политички фолклор“, рече Митревски. 

Тој рече дека се отворени за разговори со опозицијата во наредните часови и денови и дека пратениците не можат да донесат заклучоци со кои ќе ја задолжат Владата да ја промени преговарачката рамка, која што ја доставува ЕУ. 

„Се она што ќе го донесеме како заклучок тоа ќе биде задолжение на Владата како да се однесува во периодот којшто следи. Со тие заклучоци ја обврзуваме Владата дека македонскиот јазик останува и ќе остане секогаш чист за оваа Влада, за следна влада, за која и да било влада во следниот период затоа што ова ќе биде процес којшто не почнува и не завршува со чинот на гласање, туку ќе биде процес кој ќе трае во следните години, неколку години“, истакна Митревски. Во врска со билатералниот протокол со Бугарија, Митревски вели дека таков документ не е потпишан.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Франк-Валтер Штајнмајер Северна Македонија

Штајнмајер: Не се враќајте назад од последните метри

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница