Фотографија на денот: 3000 термини | Северна Македонија | DW | 05.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: 3000 термини

А1 Арената односно салата „Борис Трајковски“ во Скопје е подготвена за денешниот почеток на масовната вакцинација против Ковид-19 со вакцината „Спутник V". 3000 граѓани треба да ја примат првата доза од руската вакцина.

Во салата  „Борис Трајковски“ претходно беше спроведена генерална проба за тоа како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фрижидерите за вакцините и друго.

Според информациите на македонските здравствени власти за денеска се закажани термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник V“.

Во оваа фаза на масовната имунизација вакцинирани ќе бидат вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

Повеќе:

-Први компликации со вакцината на „АстраЗенека“ во С. Македонија

Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта. 

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.