Фотографија на денот: Уште пошарен Европски парламент | Свет | DW | 27.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Уште пошарен Европски парламент

И покрај големите загуби, конзервативците, остануваат најмоќна пратеничка група во Европскиот парламент. Критичарите на ЕУ и Зелените добија поголема поддршка, но разултатите на изборите се разликуваат во одделни земји.

По европските избори,владеењето со ЕУ ќе биде потешко. Поради големите згуби на гласови, демохристијаните и социјалдемократите за првпат заедно немаат мнозинство во Европскиот парламент, така што ќе се бараат сојузи со либералите и со зелените, кои значително го зголемија бројот на пратенички места. Десничарските популисти и националистите од друга страна остварија успег во големите земји на ЕУ, меѓу другото во Италија и Франција. Вистинско вртење кон десно, меѓутоа изостана, меѓуу другото и поради високата излезнот, која изнесуваше околу 50 насто. 

 

Реклама