Фотографија на денот: Туш за кравите | Панорама | DW | 27.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Туш за кравите

Од жештината во Германија страдаат и домашните животни. Некои сточари во шталите затоа инсталираат вентилатори, а еден млекопроизводител има и поиновативно решение - туш за кравите.

Високите температури во Германија не ги мачат само луѓето, туку и животните, жешко е и во шталите. Некои сточари затоа во нив инсталираат вентилатори. #ФотографијаНаДенот: млекопроизводителот Хелмут Еверс од Варенхолц, покраината Долна Саксонија, кој има 80 крави, разладувањето го дополнува со уште една „бањска“ атракција: туширање. Некои од кравите се плашат од тенките млазеви вода, вели тој, но најголем дел уживаат во туширањето, пред тушот секогаш има навала.

 

Реклама