Фотографија на денот: Снешко сонува за Мајорка | Панорама | DW | 20.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Снешко сонува за Мајорка

Снегот и зимата имаат свои убавини, но дел од луѓето веќе сонуваат за сонце и плажа, овој Снешко во Алтхајм, покраината Баден Виртемберг, или барем неговиот творец, би сакал на - Мајорка

Зимата во Германија деновиве се покажува од поубавата страна, барем во западниот и централниот дел - умерен студ и сонце. Затоа пак во јужниот дел поголеми области се под снег. На #ФотографијаНаДенот: во Алтхајм, покраината Баден Виртемберг, возило за расчистување снег на зимската служба поминува покрај еден Снешко со каубојска шапка на главата и натпис: „Мајорка“, обесен на вратот.

 

Реклама