Фотографија на денот: СЗО - Индискиот сој на коронавирус присутен во преку 40 земји | Свет | DW | 12.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: СЗО - Индискиот сој на коронавирус присутен во преку 40 земји

Во Европа и Америка се намалува бројот на новоинфицирани, додека пандемијата зема замав во Азија

Индиската мутација на коронавирус е докажана во анализирани примероци од 44 земји, додека за во уште пет постои голема веројатност дека е присутна, соопшти Светската здравствена организација во Женева. Таа вчера индискиот сој го класифицираше во категоријата „загрижувачки" на глобално ниво, на ист ранг како мутациите од Велика Британија, Јужна Африка и Бразил. Надвор од Индија, каде се регистрирани преку 22,9 милиони инфекции, меѓу кои значаен дел и од новата вирусна варијанта, мутацијата Б.1.617 е најраширена во Велика Британија.

Според СЗО, моментно се намалува бројот на новоинфицирани во најмногу региони во светот, вклучувајќи ја Европа и американскиот континент. Во Јужна Азија и Југоисточна Азија напротив се бележи замав на заразата. Минатата недела во светот биле регистрирани повеќе од 5,5 милиони нови инфекции и околу 90.000 смртни случаи поврзани со пандемијата на коронавирус.