Фотографија на денот: Ревија на шапки | Панорама | DW | 10.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Ревија на шапки

Шапката е „very british“, односно моден детал на кој му се обрнува посебно внимание во земјата која во моментов живее во хаосот на Брегзит.

Ниту ексцентричноста не е реткост во Обединетото кралство. Британската „страст“ кон шапките, највпечатлива е овие денови во Лондон. Во британската престолнина, имено денеска завршува „Неделата на шапката“ (Hat Week). На неа бројни дизајнери ги прикажаа своите нови креации. Зенитот на манифестацијата беше т.н. „Прошетка на шапки“  (Hat Walk) на променадата на реката Темза. 

 

Реклама