Фотографија на денот: „Подгрицнато“ Сонце | Панорама | DW | 11.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: „Подгрицнато“ Сонце

Низ целата северна хемисфера, луѓето беа сведоци на реткиот природен спектакл на прстенесто затемнување на Сонцето.

Најдобриот поглед на вчерашното затемнувањето на Сонцето имаа луѓето на крајниот север на Земјата, додека појужно во Европа тоа беше само делумно видливо.

Во северна Канада, северна Русија, северозападен Гренланд и на Северниот пол, 88 проценти од Сонцето беа покриени од Месечината.

Во Лондон затемнувањето беше видливо само 20 проценти, додека пак во германскиот град Хајделберг околу половина. Сонцето таму изгледаше само малку „подгрицнато“.

Гледај видео 01:32

Двоен феномен - затемнување и црвена месечина

Следен голем спектакл за 60 години

Реткиот природен спектакл во Германија започна вчера нешто по 11.30 часот и го достигна својот максимум во 12.34 часот. Годинава ова беше првото прстенесто затемнување на Сонцето и 16-то затемнување на Сонцето- во овој век.

Следното  престенесто затемнување на Сонцето ќе се случи на 4-ти декември, но ќе биде видливо само од Антарктикот. Следното целосно затемнување на Сонцето во северната хемисфера ќе се случи дури во 2081 година.