Фотографија на денот: Кучиња против Брегзит | Свет | DW | 12.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Кучиња против Брегзит

Британските сопственици на кучиња заедно со своите миленици протестираат против излегувањето на земјата од ЕУ. Тие под мотото „Вуферендум“ се залагаат за нов референдум за Брегзит.

„Мора да лаеме пред да биде предоцна“, гласеше последното предупредување на овие противници на Брегзит, кои  во неделата демонстрираа пред британскиот парламент спроти денешото клучно гласање. Пратениците треба да донесат историска одлука дали ќе го поддржат планот за Брегзит на премиерката Тереза Меј или ќе ризикуваат хаотично излегување на земјата од Европската унија за помалку од три недели. Поддржувачите на „Вуферендум“ со последната акција сакаа уште еднаш да упатат на негативните последици од Брегзит и да апелираат за нов референдум. 

 

Поврзана содржина

Реклама