1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Корона-вирусот стигна во Германија

28 јануари 2020

Во покраината Баварија во Германија е потврдена инфекција со корона-вирус.

https://p.dw.com/p/3Wtx2
BdT Berlin Untersuchungen zum Coronavirus in der Charite
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Gateau

Маж од округот Штарнберг, во Баварија, е инфициран со вирусот кој потекнува од Кина, соопштија надлежните здравствени власти. Пациентот е клинички во добра состојба, се наоѓа во изолација и е под надзор. Вирусот може да предизвика белодробно заболување. На #ФотографијаНаДенот лаборантка во Институтот за вирологија во болницата Шарите во Берлин сортира проби во рамки на испитувањата на корона-вирусот, од кој досега официјално се инфицирани над четири илјади лица во Кина, а бројот на починати се искачи на најмалку 104.