Фотографија на денот: Катастрофата, пред и потоа | Информации и анализи за Германија | DW | 19.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Фотографија на денот: Катастрофата, пред и потоа

Бројот на загинати во големите поплави во Германија се искачи на најмалку 160. Земјата е сѐ уште во шок од огромните размери на уништувањето во настраданите места.

Бројот на жртвите од историските поплави во Германија и натаму расте.

Според последните информации најмалку 46 загинаа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, додека 112 во покраината Рајнланд-Пфалц.

Ова се двете најпогодени покраини од водената катастрофа, кои се наоѓаат на западот на земјата.

Големи поплави имаше и во јужната покраина Баварија, посебно во областа Берхтесгаден, каде загинаа 2 лица. 

Повеќе: Поплави во Германија: Климатската криза нѐ принудува да се прилагодуваме

Водената стихија остави зад себе пустош во многу места. Оваа #ФотографијаНаДенот најдобро ги покажува размерите на катастрофата во градот Алтенар во покраината Рајнланд-Пфалц, кој беше силно погоден од поплавите.  Поплавената област беше огромна, а Алтенар од идилично место се претвори во купишта урнатини. 

Гледај видео 01:20

Тегобен поглед од небо на настраданите подрачја од поплавите во Германија