Фотографија на денот: Исцрпени од Ковид-19 | Свет | DW | 20.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Исцрпени од Ковид-19

Во Шпанија, протестите на лекарите едноставно не престануваат. По демонстрациите во главниот град Мадрид, сега лекарите во Каталонија започнаа со четиридневен штрајк. Притоа во прашање не е само коронавирусот.

Лоши услови за работа, ниски плати и слаби можности за усовршување: младите лекари во Каталонија го изразуваат своето незадоволство во Барселона со протестни плакати и физичка дистанца.

Но, не само младите лекари се чувствуваат оставени на цедило од политиката. Целиот здравствен сектор  се жали на последиците од вториот бран на коронавирусот.

„Ние сме на граница на силите“, порачуваат многу болници во Шпанија.

Повеќе:

-Зошто Шпанија е „плодно тло“ за коронавирусот

-Зошто здравствениот систем на Шпанија потклекна пред коронавирусот?

-Шпанија се прости од своите 28.400 корона-жртви