1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Шпанија се прости од своите 28.400 корона-жртви

ЖА / агенции
16 јули 2020

Со запазување на правилата за безбедносна дистанца, шпанската влада одржа комеморација за илјадниците жртви на пандемијата на коронавирус. Но, овој чин не може да ја намали болката, изјави кралот Фелипе на церемонијата.

https://p.dw.com/p/3fPdG
Trauerfeier zu Ehren der Coronatoten in Madrid
Фотографија: Getty Images/C. Alvarez

Со голема церемонија во Кралската палата во Мадрид, Шпанија им оддаде почит на преку 28.400 починати како последица на инфекции со коронавирус. На комеморацијата покрај шпанскиот премиер Педро Санчез присуствуваше и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и целото раководство на ЕУ.

Trauerfeier zu Ehren der Coronatoten in Madrid
Урсуа фон дер Лајен, Жозеп Борел, Давид Сасоли во МадридФотографија: Getty Images/EFE/AFP/Zipi

Присутни беа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Фон дер Лајен, шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција, премиерот Санчез и други учесници на комеморацијата положија бели рози пред постаментот со запален факел на плоштадот.

Spanien Madrid  Jens Stoltenberg  Coronavirus Tribut
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел присуствуваа на комеморацијатаФотографија: Reuters/S. Perez

Меѓу учeсниците на церемонијата биле и 400 роднини на стотина жртви на Ковид-19, како и претставници на здравството, полицијата и останатите бранши на првата линија на фронтот против болеста. Со државната комеморација во Кралската палата во Мадрид не им се оддава почит само на мртвите, туку и на целокупниот здравствен персонал, на заслугите на целото шпанско општество, порача шпанската влада.

Повеќе:

Коронавирус: постигнувањето групен имунитет ќе предизвика многу жртви

По 14 недели, крај на вонредната состојба во Шпанија

Првите „тест-летувалци“ од Германија пристигнаа на Мајорка

„Овој чин не може да ја намали болката", истакна кралот Фелипе, потсетувајќи посебно на постарите жртви „кои го променија текот на нашата историја и поставија темел за нашиот демократски соживот". Шпанците беа многу дисциплинирани, подвлече кралот. Церемонијата беше завршена со минута молк.

Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници за влез на патници од Европа. За луѓето кои доаѓаат од држави од ЕУ и Шенген просторот веќе не е задолжителен 14-дневен карантин.