Фотографија на денот: Издржи ги горештините! | Панорама | DW | 26.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Издржи ги горештините!

Кој да го издржи овој пекол без разладување, си помисли малото слонче Бен Лонг во зоолошката градина во Лајпциг и барајќи спас од температурите од над 40 степени храбро се нурна во базенот покрај себе.

Името Бен Лонг значи отприлика „Издржливост наспроти тешкотиите“. Слончето, имено, не беше прифатено од мајка си по раѓањето. Сега го чуваат неговите тетки. Бен Лонг ќе мора да ги издржи и денешните горештини, а од утре температурата ќе биде за некој степен пониска.

 

Реклама