1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Фотографија на денот: Загина легендарниот Коби Брајант

ЕМФ
27 јануари 2020

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа. Во несреќата животот го загуби и неговата 13-годишна ќерка Џана, како и седум други лица.

https://p.dw.com/p/3Wr2u
BG Kobe Bryant | Kobe Bryants letztes Spiel (2016)
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. C. Hong

41-годишниот Брајант бил на пат за кошаркарски натпревар на кој требало да игра ќерка му. Веста за смртта на кошаркарската супер ѕвезда предизвика голема тага ширум светот. Пред Стејплс центарот, домот на клубот Лос Анџелес Лејкерс, фановите оставаат цвеќе и пораки со кои се збогуваат од својот суперстар. На нашата #ФотографијаНаДенот пак е фатен моментот кога Коби Брајант ги поздрави фановите по својот последен НБА-натпревар во април 2016 година. Брајант играше активно 20 години, а кариерата ја заврши во Лос Анџелес Лејкерс. Постигна 33.643 кошеви, со што стана четврти најдобар стрелец на сите времиња во НБА лигата, а двапати беше и олимписки победник.