Фотографија на денот: Забрана за употреба на пластични кеси во Германија? | Панорама | DW | 12.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Забрана за употреба на пластични кеси во Германија?

Германската министерка за екологија Свења Шулце планира закон за забрана на употреба на пластични кеси и редуцирање на пластични амбалажи.

Класичните пластични кеси на касите во многу супермаркети веќе се наплаќаат, што е резултат на доброволната обврска која Министерството за екологија ја има веќе договорено со трговците. Според нејзиното министерство, употребата на пластични кеси во земјата од 2015 година е намаленa за 64%. Министерката Шулце планира наесен да договори со трговијата натамошни ограничувања, посебно намалување на пластичните пакувања за овошје и зеленчук. Но, многумина експерти предупредуваат дека забраната не е секогаш плодоносна, зашто алтернативите, како хартиените кеси не се исто добри за екологијата, а пластичните кеси се ионака само мал дел од пластичниот отпад, на пример во Германија нивниот удел во вкупната маса на пластична амбалажа и пакувања изнесува еден процент. 

Производството и увоз на пластични кеси инаку се забранети во 61 земја. 

 

Реклама