Филипче: Користиме експертиза со која Фондот ќе заштеди | Северна Македонија | DW | 28.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Филипче: Користиме експертиза со која Фондот ќе заштеди

Не станува збор за промена на пол на сметка на Фондот, туку за користење експертиза при интервенции за отстранување на уролошки малформации, објаснува министерот за здравство, по бурата што се крена во јавноста

Само неколку часа траеше најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека отсега на товар на Фондот за здравство осигурување ќе се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран белградскиот лекар д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, кој е еден до најдобрите специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија и надвор од регионот. По бројните реакции во јавноста околу други приоритети кои треба да бидат на товор на Фондот, Министерството за здравство синоќа соопшти дека „оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на ФЗО и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа“.

„Спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои досега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување. Со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство. Политика на Министерството за здравство е што повеќе услуги да бидат достапни за граѓаните во Северна Македонија и да се намали потребата од патување во странство и секако да се спроведат повисоки стандарди во медицинските установи во државата, преку ангажирање на експерти кои ќе го пренесат своето знаење на македонските доктори“, се вели во известувањето од Министерството за здравство.

Повеќе:

Промената на полот - невозможна и непожелна во Македонија

Третиот пол - одамна неопходна одлука

Заштеда на пари од Фондот

Предомислување, недоразбирање или...? Според одговорот на министерот за здравство Венко Филипче, во прашање е не е ниту едното ниту другото.

„Одлучивме експертизата на Ѓоргевиќ да ја користиме за случаи какви што досега на сметка на Фондот користеа услуги во странство. Притоа, да напоменам дека не станува збор за интервенции за промена на полот, туку за интервенции за отстранување на разни уролошки малформации. Со присуството на д-р Ѓорѓевиќ ќе ја подигнеме експертизата на нашите лекари овде, и ќе заштедиме пари од Фондот за здравство кои досега во такви случаи се одлеваа во странство. Тоа е и во интерес на јавното здравство, кое во светот е многу напред, особено во сферата на детската урологија“, објаснува министерот.

Без оглед на епилогот, оваа епизода покажа како македонската јавност реагира на можноста Фондот за здравство да ги покрива интервенциите за промена на полот. Уследија жестоки реакции, дел обременти со бројни стереотипи, а други дека има многу други приоритети во здравственото лекување на товар на Фондот.  

„Разузданоста на деспотот нема крај. Кога граѓаните плачат поради неквалитетното здравство, каде цената неретко е човечкиот живот и власта нема решение, сега се најавува промена на пол на државна сметка“, напиша на Фејбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Промената на полот е право на избор, а лекувањето на болест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од сѐ друго. Промена на полот, не со пари на граѓаните“, порача Мицкоски.

Но, критики стигаа и од личности во, или блиски до владејачкиот СДСМ.

„Нека си плаќаат со свои средства“, „Вакво нешто нема никаде“, беа дел од реакциите на социјалните мрежи.

Deutschland | Geschlechtsneutrale, barrierefreie Toilette (picture-alliance/dpa/F. Duenzl)

Во Eвропа има 1,5 милиони регистрирани трансродови лица, а во САД и Канада 1,4 милиони, вели д-р Ѓорѓевиќ

Српскиот фонд без предрасуди

А тоа што го „ нема никаде“ го има токму во соседна Србија. Српските државјани кои ќе решат да го сменат полот плаќаат 100.000 динари, а со уште 200.000 учествува српскиот Фонд за здравствено осигурување. Операцијата во Србија е драстично поевтина од истата интервенција во САД (35.000 до 50.000 долари). Од тие причини, покрај пациенти од регионот, д-р Ѓорѓевиќ во Белград има и голем број пациенти од другата страна на „барата“. Неговиот тим во Белград извршува меѓу 70 и 100 операции годишно, а досега ги има над 1.400.

Ѓорѓевиќ не е непознат за македонската јавност. Тој веќе неколку години соработува со болница Аџибадем Систина во Скопје, каде во јуни 2017 година кај 33-годишен маж успешно ја изврши првата операција за промена на пол во македонската историја. Тогаш изјави дека тоа е негов петти пациент од Македонија, со оглед дека дел од македонските граѓани за таква интервенција доаѓаат и во Белград. Во интервју за српски медиуми тој изјави дека во Eвропа има 1,5 милиони регистрирани трансродови лица, а во САД и Канада 1,4 милиони. Го посочи и податокот дека Американската академија за психијатрија до пред десетина години имала податоци дека на 30.000 лица се раѓа една трансродова, а сега една на 3.000, односно 10 пати повеќе. Тоа веројатно се должи на подготвеноста на трансродовите лица да се ослободат од стегите и отворено да зборуваат за нивните проблеми и потреби.

DW.COM

Реклама