Успехот на АфД е сметката за политиката на Меркел | Свет | DW | 07.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Успехот на АфД е сметката за политиката на Меркел

Растот на десно-радикалната АфД не е изненадување. Доколку ниту една партија не се дистанцира од бегалската политика на Меркел, таа веројатно ќе продолжи да напредува, смета Кристоф Хаселбах

Популарноста на АфД, германската конзервативна популистичка партија, ќе е намали доколку падне бројот на бегалците. Тоа беше проценката на канцеларката Меркел во март, кусо пред изборите во три покраини кои и донесоа голем успех на АфД. Таа стана втора најсилна партија во Саксонија-Анхалт, и, и покрај намалениот број бегалци оттогаш, сега е и втора по јачина партија во Мекленбург- Померанија.
Единственото изненадување е што луѓето се изненадени. Очигледно, Меркел и други политички лидери не успеаја да го видат социолошкото море на промени кое и се случи на Германија во последната година. Меркел, нејзината влада и мнозинството од парламентарната опозиција со месеци свесно ја предадоа државната контрола врз миграцијата, без да донесат било каков закон кој ќе ја регулира.

Германците ова не го бараа

На тој начин Меркел ја претвори целата нација во експеримент кој ќе има последици за општеството со генерации- и тоа лоши. Германците никогаш не беа прашани дали го сакаат ова и дали се подготвени да ги направат потребните жртви, и финансиски и културни. Оној кој повеќе не се чувствува дома во сопствената земја, треба да слуша дека таквите ксенофобни чувства се целосно депласирани.

Christoph Hasselbach

Кристоф Хаселбах


За многумина, уште по иритирачки се изјавите кои следуваа по паролата на Меркел: „Ќе успееме“. Мантрата „сите пречки мора да бидат надминати“ се однесуваше на потребната логистика за сместување на бегалците, но исто така може да се сфати и како обид за задушување на политичкиот отпор против ваквата политика.
Многумина кои видоа грешки во ваквата политика, сепак одлучија да молчат, од страв да не бидат прогласени за десничари или радикали. „АфД не нуди решение за проблемите“, рече Меркел. Поддржувачите на АФД одговораат: можеби не, но проблем и немаше да има без политиката на Меркел.
Мнозинството Германци не сакаат да видат влада на АфД, но на многумина им е драго што постои АФД, затоа што е единствена партија која говори за миграцијата.

Иден референдум

Меркел никогаш не ги праша гласачите. Секои избори служат како некој вид референдум на граѓаните, а најголемиот од сите референдуми ќе се случи следната година.
Типично за демократската политика, многу потенцијални решенија за проблемите со миграцијата ќе бидат понудени пред изборите. Меркел останува на својата позиција за отворени граници и примање на баратели на азил без документи. Конзервативната ЦДУ ќе мора да го прифати ваквиот став доколку сака Меркел да остане нејзин лидер. Како ќе се постави Социјалдемократската партија, помалиот коалициски партнер во владата, останува да видиме. Но знаеме дека АфД ќе се заложи за целосно поинаков пат во иднина. Гласачите конечно ќе имаат можност да одлучат.

Реклама