Усвоен Глобалниот пакт за миграции | Свет | DW | 10.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Усвоен Глобалниот пакт за миграции

Речиси и да немало проект на ОН за кој имало толку големи кавги во меѓународната заедница, но исто така и во Германија. Сега претставниците на преку 160 држави официјално го прифатија Глобалниот пакт за миграции.

На почетокот на дводневната конференција во мароканскиот град Маракеш меѓународната заедница  даде согласност за необврзувачкиот договор на ОН за миграции кој треба да обезбеди безбедно, уредно и хумано движење на луѓето во светот, и покрај главното противење на САД и на неколку други земји.

Високи светски државници, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, го поддржаа Глобалниот пакт за миграции на ОН, кој потоа 164 земји ги усвоија со акламација. Тоа беше врвот на едногодишната работа и преговори за документот кој американската влада го поддржа во времето на претседателот Барак Обама, а актуелната администрација на Доналд Трамп го отфрли.

Поддржувачите тврдат дека миграциите можат да им помогнат на националните економии за подмладување работна сила во богатите земји со старо население и да обезбедат потребен извор на пари за сиромашните земји со дознаки.

Исто така, тие наведуваат оти уредните миграции ќе спасат животи.

Противниците велат дека пактот претставува предизвик за националниот суверенитет и изразуваат страв од голем прилив на мигранти.

 

Реклама