Унгарија не го испорачува Груевски | Северна Македонија | DW | 27.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Унгарија не го испорачува Груевски

Никола Груевски нема да им биде испорачан на македонските власти, одлучи денеска судот во Будимпешта.

Бегалецот Никола Груевски нема да биде испорачан во татковината, реши по получасовна, за јавноста затворена расправа, судот во Будимпешта.

Судијката Ева Вареѓи го отфрли барањето за екстрадиција на македонското Министерство за правда, како и меѓународната потерница, а како образложение наведе дека лицата кои побегнале од една земја,

Ungarn Budapest Nikola Gruevski früherer Ministerpräsident Mazedonien (picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe)

Груевски на излегување од судот без лисици на рацете

не може да бидат екстрадирани во таа земја.

Пресудата сѐ уште не е правосилна, но жалба може да поднесе само унгарското обвинителство, а не државата Северна Македонија, пишува унгарскиот портал „index.hu“.

Груевски во Унгарија има статус на политички бегалец. Агенцијата ДПА оценува дека многу нешта укажуваат на тоа дека тој ужива заштита од страна на владата на Виктор Орбан. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто неодамна призна дека го прима Груевски редовно во својот кабинет, пишува ДПА, додавајќи дека азилантот сепак денеска во судот беше донесен со лисици на рацете и во придружба на две лица во цивилна облека.

Повеќе:

Сијарто: Се среќавам, и ќе се среќавам со Груевски

Заев: Знаеме како избега Груевски

Отворено писмо на унгарската опозиција: Азилот за Груевски е „срам“ за Унгарија

Груевски избега во Унгарија со помош на унгарски дипломати непосредно пред да замине во затвор во ноември 2018 година, откако беше осуден на две години затвор поради корупција, пишува ДПА и потсетува дека Унгарија демантира оти на познатиот бегалец му доделила статус на азилант поради политичкото пријателство со него.

.

DW.COM

Реклама