Умира надежта за преживеани во Албанија | Свет | DW | 28.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Умира надежта за преживеани во Албанија

Се помали се надежите дека спасувачките служби ќе успеат да пронајдат уште некој преживеан под урнатините во Албанија, два дена по силниот земјотрес кој ја зафати земјата.

Бројот на жртвите од земјотресот во Албанија денеска се искачи на 46, а повеќе од 2.000 луѓе се повредени. Попладнево, спасувачките операции се веќе сведени на минимум, и фокусирани се на една урната вила во градот Драч, соопшти полицијата. Под урнатините од таа куќа веќе беа пронајдени безживотните тела на шет лица, а единствениот преживеан беше едно 17 годишно момче. Се трага по уште тројца членови на големото семејство.


Спасувачките операции во Туман завршија претпладнево, откако беа пронајдени телата на уште шест лица под урнатините. Од илјадниците повредени, хоспитализирани се 60 луѓе, а четворица се во критична состојба.
Властите ги предупредуваат жителите да не се враќаат во своите домови се додека инжинерите не извршат целосна контрола. Неколку илјади луѓе се сместени во шатори во Туман. Поголемиот дел одбија да заминат во хотели во Драч кои им ги плаќа владата. 
Се множат и прашањата зошто некои згради во регионите целосно се урнаа, а други останаа недопрени од земјотресот. Бројни критики има и на сметка на градежната индустрија и на непланската градба во земјата.
„Никакви градежни норми не беа наметнати во пост-комунистичкиот период. За проектите нема сеизмолошка и геолошка студија пред градењето“, вели 74-годишниот градежен инжинер Јоркак Стаси. Тој бара од владата да преземе драстични мерки и да го забрани градењето низ целата земја се додека не се почитуваат правилата.

 

DW.COM

Реклама