1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Уапсен руски државјанин за планирање напад во Германија

ЕМФ /агенции
22 август 2018

Германските безбедносни власти денеска во Берлин уапсија руски државјанин кој наводно планирал терористички напад во Германија.

https://p.dw.com/p/33Ydo
Deutschland GSG 9
Фотографија: picture alliance/dpa/Hannibal

Сојузното обвинителство соопшти дека уапсениот 31-годишен маж е „осомничен за подготвување на злосторство со експлозив“. Соопштено е само името на уапсениот: Магомед-Али Ц.

Се вели дека тој има „радикално исламистички убедувања“. Русинот треба да биде изведен пред истражен судија во текот на утрешниот ден.

Во акцијата на апсење учествувале припадници на специјалната единица ГСГ 9, како и службеници на Сојузната криминалистичка служба и на Берлинската криминалистичка служба.

Обвиненијата на сметка на уапсениот се однесуваат на 2016 година. Во октомври 2016-та тој во својот стан чувал поголеми количества супстанција за експлозив - ТАТП. Со него, како што тврди истрагата, имал намера да создаде бомба во соработка со уште еден соучесник, кој е уапсен во Франција. Бомбата требало да биде активирана некаде на територија на Германија и да убие што е можно поголем број луѓе. Поради некакви полициски мерки кои се спроведувале во тоа време, подготовките за нападот биле попречени, објаснува Обвинителството. Двајцата мажи решаваат да се разделат. Магомед-Али Ц. останал во Берлин, додека Клементи Б. заминал за Франција. Таму е уапсен на 18 април 2017 година, заедно со уште едно осомничено лице.

Денешното апсење во Берлин, меѓу другото, треба да покаже и каде е сега експлозивот кој во тоа време се наоѓал во станот на Магомед-Али Ц.