Трамп ја предупреди Турција од „уништување“ | Свет | DW | 14.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп ја предупреди Турција од „уништување“

Јасно предупредување од американскиот претседател Трамп во насока на Анкара: во случај на напад врз курдските трупи во северна Сирија, Турција мора да смета со тешки економски последици.

Турција ќе биде „економски уништена“ доколку ги нападне Курдите во Сирија, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп. „Истовремено, не сакам ниту Курдите да ја провоцираат Турција“, додава тој. Освен тоа, Трамп на Твитер пишува и за создавање безбедносна зона од 20 милји (околу 32 километри), но притоа не соопштува детали за плановите.

Американскиот претседател во декември изненадувачки најави целосно полвекување на американските сили од Сирија. Тоа ја ослабнува позицијата на курдските милиции кои досега со американска поддршка се бореа против џихадистичката милиција „Исламска држава“ (ИД).

Повеќе: Трамп го одолговлекува повлекувањето од Сирија?

Ердоган сака да ја „неутрализира“ ИПГ

Курдските Единици за народна одбрана (ИПГ) во северна Сирија стравуваат од напад на Турција. Владата во Анкара ги смета борците на ИПГ за терористи и за продолжена рака на забранетата Курдска работничка партија ПКК. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака многу бргу да преземе мерки „за да се неутрализираат овие терористички организации на сириска почва“.

Поради заканите на Ердоган кон ИПГ советникот на Трамп за безбедносни прашања Џон Болтон неодамна рече дека повлекувањето на американските трупи зависи од гаранциите на Турција за безбедноста на курдските милиции. Меѓутоа, ваквите оценки на Болтон наидоа на категорично отфрлање од турска страна.

Повеќе: Болтон во Анкара: Што ќе случи со Курдите?

Во текот на изминатиот викенд турската армија ги засили своите трупи на границата кон северносириската провинција Идлиб. Меѓутоа, од безбедносни кругови не се наведува дали тоа значи подготовка на акција од другата страна на границата.

DW.COM

Реклама