Трамп сака втор самит со Ким на крајот од месецов | Свет | DW | 06.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп сака втор самит со Ким на крајот од месецов

Повторната средба на лидерите на САД и на Северна Кореја би требало да се одржи во Виетнам на 27 и 28 февруари. „Без мене ќе се наоѓавме во војна против Северна Кореја“, истакна Трамп во говорот за состојбата на нацијата

Претседателот на САД, Доналд Трамп во својот говор за состојбата на нацијата во американскиот Конгрес најави дека ќе одржи втор самит со лидерот на Севрна Кореја, Ким Јонг Ун, во Виетнам на 27 и на 28 февруари.

„Во рамки на нашата смела демократија ги продолжуваме историските напори за мир на Корејскиот полуостров“, рече Трамп пред Конгресот, со што го официјализираше датумот и местото за втората средба на двајцата лидери.

На организирање втор самит се работи уште од историската средба меѓу двајцата лидери во јуни 2018 во Сингапур. Тоа беше прва средба помеѓу некој актуелен американски претседател и лидер на Северна Кореја.

Повеќе:

-Ким наредил подготовки за вториот самит со Трамп

-Ким бара втор самит со Трамп

-По самитот на Трамп и Ким: За доверба е потребно време

Трамп не прецизираше во кој град во Виетнам ќе се сретнат, а набљудувачите сметаат дека тоа би можело да биде Ханој, или Дананг во централен Виетнам. Иако Пјонгјанг не спроведе никакви нуклеарни или балистички тестови од минатото лето, тој и натаму не прифаќа да ја расформира програмата за нуклеарно оружје, што е цел на Вашингтон.

Трамп зборуваше за остварениот напредок од минатото лето, наведувајќи дека САД, ако тој не бил избран за претседател, сега би биле во поголема војна со Северна Кореја.

Тој потсети оти заложниците се вратиле во земјата, дека запреле нуклеарните проби и оти Северна Кореја не лансирала ракета 15 месеци.

„Има да се заврши уште многу работа, но мојот однос со Ким Јонг Ун е добар однос“, рече Трамп.

Во подготовка на самитот, американскиот преговарач за Северна Кореја, Стив Биган, денеска би требало да отпатува во Пјонгјанг и да разговара со својот севернокорејски колега, Ким Хиок Чолом. Биган пристигна во Сеул, Јужна Кореја, во неделата.

Изборот Виетнам да биде место за средба, земја која во историјата беше американски противник, испраќа силна стратешка порака во светот дека двете страни се подготвени да се претворат од непријатели во пријатели следејќи го примерот на односот меѓу САД и Виетнам, оцени истражувачот Ле Хонг Хиеп од институтот ИСЕАС во Сингапур.

DW.COM

Реклама