Трамп обвинува за „лов на вештерки“ | Свет | DW | 30.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп обвинува за „лов на вештерки“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно остро ја критикуваше истрагата за можните врски на неговите помошници во претседателската кампања со Русија.

Претседателот на САД објави огромен број пораки на социјалната мрежа Твитер за неговата противкандидатка Хилари Клинтон и за Демократската партија. Реакцијата на Трамп следуваше по објавувањето на информациите дека е издаден прв налог за апсење и обвинение против нeименувано лице во истрагата за мешањето на Русија во изборниот циклус во САД, при што Москва му помогнала токму на Трамп да ја победи Клинтон. Трамп тврди оти обвинувањата за заговор меѓу неговата кампања и Русија се смешни и станува збор за „лов на вештерки".

Тој се обиде вината да ѝ ја префрли на Клинтон, тврдејќи дека има причина да се истражи нејзината улога и оти републиканците стојат обединети зад него... „Целата приказна за Русија доаѓа во момент кога републиканците прават историски чекор кон даночната реформа. Дали е тоа случајно? Не!“, напиша Трамп.

Американските разузнувачки агенции порано утврдија дека руската влада имала намера да му помогне на Трамп да победи на изборите. Но, истрагата е насочена кон проверка дали имало заедничко делување на кампањата за претседател и Русија.

И Москва и Трамп ги отфрлија овие тврдења. Досега се објавени информации за контакти на блиски личности на Трамп со руски официјални претставници.

    

 

     

 

DW.COM

Реклама