Трамп им се закани на членките на Генералното собрание на ОН | Свет | DW | 21.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп им се закани на членките на Генералното собрание на ОН

Американскиот престедател Доналд Трамп пред денешното гласање за Ерусалим во Генералното собрание на ОН упати остро предупредување до земјите членки да не гласаат против САД, затоа што ќе се соочат со финансиски санкции.

Пред почетокот на итната седница на Генералното собрание на ОН, на која треба да се гласа за предлог-резолуцијата за Ерусалим, земјите членки беа остро предупредени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп да внимаваат како ќе гласаат. На земјите кои ќе гласаат против САД, ќе им биде скратена финансиската помош, се закани Трамп во Белата куќа.

„Земаат стотци мичлиони долари, па дури и милијарди долари, а потоа гласаат против нас“, рече Трамп, додавајќи дека американската влада ќе го прими на знаење ваквото гласање. „нека гласаат против нас“ Ќе заштедиме еден куп пари“, изјави Трамп.

Повеќе на темата:

ОН треба да го притиснат Трамп за Ерусалим

Ќе се бара поништување на американската одлука за Ерусалим

По ваквите закани на американскиот претседател, стигна реакција од палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малки. Тој го осуди „заканите“ на САД, а особено писмото што американската амбасадорка во ОН го упатила на повеќемина министри за надворешни работи. Ники Хејли со писмото се обиде да им се „закани и заплаши“ другите земји, рече палестинскиот министер на прес-конференција во Истанбул. Во писмото Хејли пишува дека Трамп од нејзе побарал да му ги пријави сите земји „кои гласале против нас“. „Ќе го забележиме секој глас“, се заканува Хејли во писмото.

USA UN-Generalversammlung in New York (picture alliance/dpa/D. Kalker)

Во Генералното собрание на ОН нема право на вето, а резолуциите не се правно обврзувачки

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прес-конференцијата со Ал Малки во Истанбл оцени дека САД се одлучиле „да одат по патот на закани“, но дека тоа нема да функционира, затоа што „светот се промени“, а променета е и логиката „јас сум посилен, јас сум во право“. „Денес светот се спротивставува на ваквата неправедност“, оцени Чавушоглу.

САД во понделникот ставија вето на предлог-резолуцијата во Советот за безбедност на ОН и спречија осуда на одлуката на Трамп за Ерусалим. Сите останати 14 членки на СБ на ОН гласаа за предлог-текстот. По ваквиот исход, на инсистирање на муслиманските држави беше свикана итна седница на Генералното собрание на ОН. Таму се застапени 193 држави. Нивните резолуции, меѓутоа, не се правно обврзувачки и не постои право на вето.

DW.COM

Реклама