Трамп го одолговлекува повлекувањето од Сирија? | Свет | DW | 31.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп го одолговлекува повлекувањето од Сирија?

Дали Трамп сега сепак сака да спречи вакуум во Сирија? Во секој случај, влијателен американски сенатор тврди дека Трамп размислува за одложување на најавеното повлекување на американските трупи од Сирија.

„Претседателот ја сфаќа неопходноста од завршување на работата (во Сирија)“, изјави американскиот сенатор Линдзи Греам по двочасовниот разговор со американскиот претседател во Вашингтон. Доналд Трамп досега нагласуваше дека повлекувањето на американските војници треба да почне веднаш.

На средбата во Белата куќа претседателот на Греам му кажал „работи кои не ми беа познати и кои ми дадоа многу подобро чувство во врска со она што следува во Сирија“. Сенаторот смета дека Трамп е решен „целосно“ да ја победи џихадистичката милиција Исламска држава (ИД) пред трупите да се повлечат од Сирија.

USA | Lindsey Graham (picture-alliance/dpa/AP Photo/P. M. Monsivais)

Сенаторот Линдзи Греам долго време важеше за критичар на Трамп во Републиканската партија

Претседателот размислува „долго и напорно“ во врска со Сирија и ситуацијата по повлекувањето на трупите, уверува влијателниот републикански сенатор. Притоа, за Трамп важна е и заштитата на курдските милиции кои се сојузници на САД во Сирија. Курдите на северот на Сирија стравуваат дека по повлекувањето на американските сили ќе следува офанзива од страна на Турција. Освен тоа, Иран не би смеело да биде „големиот победник“ од повлекувањето на САД, изјави Греам, кој долго време важеше за внатрепартиски критичар на Трамп.

Повеќе: 

Трамп: САД веќе нема да бидат „светски полицаец“

Повлекувањето на трупите на САД од Сирија заверено

На средината од декември американскиот претседател соопшти дека американските војници ќе бидат повлечени од Сирија поради тоа што Исламска држава е „прилично поразена“. Изненадувачката најава наиде на неразбирање и тоа не само кај сојузниците на Вашингтон во борбата против ИД, туку предизвика и остри критики во САД.

DW.COM

Реклама