Трагичен крај на Ларс Вилкс – творецот на карикатури на пророкот Мухамед | Свет | DW | 04.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трагичен крај на Ларс Вилкс – творецот на карикатури на пророкот Мухамед

Една единствен цртеж го промени неговиот живот – Ларс Вилкс живееше под полициска заштита откако објави карикатура на пророкот Мухамед. Швеѓанецот загина во сообраќајна несреќа.

Ларс Вилкс лебдеше во постојана животна опасност. Откако во 2007 година беше  објавена карикатура на пророкот Мухамед, нацртана од Вилкс, за фанатичните муслимани тоа беше причина да му се закануваат со смрт. Вчера Вилкс загинал во сообраќајна несреќа кај Маркаруд, во јужна Шведска, се наоѓал во цивилно полициско возило кое се судрило со товарен камион, соопшти полицијата, која првично не го објави името на карикатуристот. Со него заедно загинале двајца полицајци кои биле во негово обезбедување. Вилкс, кој имаше 75 години, поради смртните закани од страна на исламистите, беше под постојана полициска заштита од 2010. година.

Schweden Unfallstelle des verunglückten Karikaturisten Lars Vilks

Полицијата врши увид на местото на сообраќајната несреќа во која загина Вилкс

Карикатурите на Вилкс на кои беше претставен пророкот Мухамед, но и на други карикатуристи, како Данецот Курт Вестегард, предизвикаа бран протести на муслиманите во светот. Вилкс стана објект на омраза кај фанатичните исламски верници, Ал Каида дури распиша и награда за негово убиство. Во 2010 година две лица извршија обид за атентат со подметнување пожар во неговата куќа. Во 2015. година беше пукано во кафуле во Копенхаген, во кое се наоѓал Вилкс, тој самиот остана неповреден, а едно лице загина притоа.

Целта на Вилкс, како што изјави еднаш самиот, не била да ги провоцира муслиманите, туку да ја стави на проба политичката коректност во уметничкиот свет.