Терористот Амри нападнал по налог на Исламска држава? | Свет | DW | 15.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Терористот Амри нападнал по налог на Исламска држава?

Наредбата за извршување атентат врз берлинскиот божиќен пазар, Тунижанецот Анис Амри ја добил директно од централата на Исламска држава, пишува „Шигел“.

Германските безбедносни органи уште во јануари добиле одредени укажувања од Обединетите Арапски Емирати, известува германскиот магазин „Шпигел“. Од информациите од тајните служби произлегува дека атентаторот врз божиќниот панаѓур, Анис Амри, наредбата за извршување на делото ја добил од екстремист со борбен псевдоним Абу Бараа ал-Ираки, кој во организацијата на терористичката милиција Исламска држава е задолжен за „екстерни операции“.

Германското сојузно обвинителство и Сојузната криминалистичка служба изворот од безбедносниот апарат на Емиратите го сметаат за доверлив, пишува „Шпигел“. Името на човекот од Исламска држава на германските служби им било познато од други случаи против осомничени исламисти, тој се сметал за „војник на ИД“.

Амри на 19. декември со украден товарен камион влета во божиќен пазар во германскиот главен град Берлин и уби 12 луѓе, додека преку 60 лица беа потешко или полесно повредени. Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот атентат. Исламистите, во објавеното видео, го нарекуваа Амри свој војник. Тунижанецот веќе со месеци пред нападот бил во визирот на германските служби како потенцијален „загрозувач“.Неговото барање за азил било одбиено, но тој не бил протеран од земјата поради непоседување лични документи.

 

DW.COM

Реклама