Тврд Брегзит - страшило за бизнисот | Економија | DW | 15.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Тврд Брегзит - страшило за бизнисот

Меко или тврдо излегување на Велика Британија од Европската унија? Стопанствениците, како во Унијата, така и во Германија, будно ја следат ситуацијата и внимателно се подготвуваат.

43 насто од околу 1300 анкетирани германски претпријатија сметаат на таканаречен тврд Брегзит - гласи резултатот од истражувањето на минхенскиот институт ифо. Истовремено три петтини од фирмите наведуваат дека тврд Брегзит за нив би имал незгодни последици - во ралични размери. Колку кој би бил погоден зависи пред сѐ од степенот на поврзаност и испреплетеност на производните процеси на островот и континентот.

Автомобилска индустрија

Во светот, годишно се регистрираат 85 милиони нови автомобили, од кои два милиона се во Велика Британија. Брегзит ќе влијае на продажбата во земјата, но не драматично, вели Фердинанд Дуденхофер, експерт за автомобилската индустрија на универзитетот Есен. „Ако има 20-процентен пад на продажбата во Англија, тоа нема сериозно да ја потресе германската автомобилска индустрија".

Различни производители се различно подготвени за овој случај. Најсилно Брегзит ќе го почувствува БМВ. Оваа компанија на британските острови има фабрика за моделот Мини, а освен тоа и фабриката Хамс Хал покрај Бирмингем, каде што мотори се произведуваат не само за Мини, туку и за сериите на БМВ - единица и тројка.

Повеќе на темата:

-Одбројување до Брегзит: Што треба да знаете?

-Брегзит: Судбоносен момент за Велика Британија

-ЕУ се подготвува за тврд Брегзит

Меѓутоа, може да се појават проблеми при испораката на делови меѓу поединечни фабрики во континентална Европа и во Велика Британија. На пример, ова би можело да ја погоди Опеловата марка Воксхол - во меѓувреме, и двете марки се во сопственост на францускиот концерн ПСА. Французите, во меѓувреме ја затворија фабриката на Опел во Бохум во Германија, но и натаму дозволуваат да работи онаа на Елесмир Порт во близина на Ливерпул.

Но, и покрај сите негативни ефекти во логистиката, Брегзит би можел да има некои позитивни последици за германската автомобилска индустрија, вели Дуденхофер. Доколку падот на вредноста на британската фунта продолжи, тоа ќе значи поевтино производство на автомобили во таа земја отколу во земјите во еврозоната - под услов, се разбира царинските давачки да не бидат премногу високи.

UK London | Skyline des Londoner Finanzzentrums The City (picture alliance/dpa/D. Kalker)

Финансискиот центар во Лондон

Банки

Од референдумот за Брезит, во фокусот на вниманието на јавноста е финансискиот сектор. Причина: тој со дванаесет проценти учествува вкупниот бруто производ на Велика Британија, што го прави една од најважните економски гранки во земјата. Досега, Лондон беше најважниот финансиски центар во Европа, но неевропските банки, кои оттаму го раководеа своето деловно работење низ Европската унија, по Брегзит веќе нема да можат да го прават тоа. Тие ќе мора да најдат некое седиште во рамките на ЕУ. Многу такви банки веќе се одлучија за Франкфурт. Според проценките на главното финансиско лоби во Франкфурт, бизниси во вредност од 750 до 800 милијарди евра би можеле да бидат префрлени во тој германски град - голем дел од тоа веќе во првиот квартал од оваа година. Ова ќе го зголеми вкупниот обем на работење на германските и меѓународните банки во Франкфурт за една петтина. И, според експертски проценки, 8.000 работни места би можеле да се преселат од Лондон во Франкфурт.

Хемиска и фармацевтска индустрија

Ви колкава мерка хемиската и фармацевтската индустрија ќе бидат погодени од Брегзит во добар дел зависи каков облик ќе има излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Како и во другите гранки, и тука евентуален тврд Брегзит може да предизвика значителни проблеми. Здружение на германската хемиска индустрија ВЦИ од една страна смета на царини од околу 200 милиони евра годишно. Од друга страна, извршниот директор на ВЦИ, Уц Тилман, уште повеќе се плаши од различните прописи. Ако не се постигне договор за преодни решенија, тогаш сите хемикалии произведени во Велика Британија би биле без дозвола за користење на ЕУ. Тие сите одново би морало да бидат регистрирани, а тоа би била огромна бирократска работа, стравува Уц.

Претставниците на фармацијата имаат слична стравувања. Трговија помеѓу ЕУ и Велика Британија е интензивна, како и испреплетеноста на поединечни фирми и нивните производствени процеси. Ова предизвикува голема загриженост, вели Зигфрид Тром, извршен директор на Германското здружение на производители на лекови, кои се занимаваат и со истражувања, а се однесува како на производството и  продажбата на лекови, така  и на спроведувањето на клинички испитувања. 

Воздушен сообраќај

Прашањето на регулацијата и на усогласеноста на прописите е најголем проблем и за авиокомпаниите. Во случај на тврд Брегзит, прво ќе се случи парализа на воздушниот сообраќај. Во тој случај, британските авиокомпании ќе го изгубат правото да ги користат аеродроми на територијата на Европската унија. Тие, имено, нема да бидат дел од заедничкиот воздушен пазар на ЕУ. Ова ќе влијае не само на авиокомпаниите како што се Бритиш ервејс, Изиџет или Рајанер, туку и на германските туристички авиопревозници, како што се Туифлај или Кондор, кои се во мнозинска британска сопственост.

Експертите како Ерик Хајман од Дојче банк сепак се убедени дека сѐ ќе биде во ред: „Верувам дека во случај на тврд Брегзит, е можно оваа тема да се реши на начин на кој воздушниот сообраќај помеѓу Велика Британија и континентална Европа ќе продолжи непречено да функционира. "

Машинска индустрија

Велика Британија за германската машинска индустрија е еден од најважните пазари. Вкупниот извозен волумен во таа земја изнесува седум милијарди евра. Веќе во 2017 година е забележан пад на извозот, како последица на несигурноста околу Брегзит. Во овој случај за германските производители дополнителен проблем е слабеењето на британската фунта: со тоа германските производи за британските купувачи стануваат значително поскапи.

И тука произведувачите се надеваат дека нема да дојде до нерегулирано излегување на Велика Британија од ЕУ. Но Тило Бротман од здружението на машински производители на Германија ВДМА сепак ги предупредува германските компании дека би било паметно да се подготват и за случајот на „хаотичен Брегзит“

DW.COM

Реклама