СЈО (не) се оградува од Катица Јанева | Северна Македонија | DW | 16.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

СЈО (не) се оградува од Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Ристоска денеска на прес-конференција соопшти дека институцијата секогаш постапувала законски. Нема информации каде е Јанева и повикува да се почитува презумпцијата на невиност.

Сомнежите за постапки на поединци не смеат да го доведат во прашање интегритетот на Специјалното јавно обвинителство, порача денеска обвинителката Ленче Ристоска, откако името на нејзината шефица Катица Јанева се најде во фокусот на скандалот со рекетирање на бизнисмен кој го обзнани Јавното обвинителство. 

Од името на сите обвинители во СЈО, целиот истражителски тим и стручната служба, сакам да ве уверам дека наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на оваа институција. Секогаш сме постапувале согласно законските прописи и сме се труделе да бидеме на ниво на задачата“, порача Ристоска.

„Стоиме зад работата која сме ја завршиле досгеа, ве уверувам дека сите постапки кои имаат обвинителни акти и судења не се доведени во прашања, затоа што нашето постапување во нив било во рамки на законските прописи“, дополни Ристоска.

Таа рече дека во СЈО внимателно се следат случувањата и изразуваат голема загриженост за текот на настаните, но апелираат да се почитува начелото на презумпција на невиност „и од друга страна се придружуваме на повикот на ЈО да секое засегнато лице пријави криминални активности и ги поздравуваме напорите на надлежните да ги истражат сите случаи.“

Иако одби директно да каже дали денешната прес-конференција е оградување на институцијата од Јанева, Ристоска во повеќе наврати повтори дека „дејствијата на поединци не го карактеризираат дејствувањето на целата институција“. Во СЈО немаат информација каде е Јанева, а Ристоска лично не контактирала со неа. Дури и за оставката на Јанева во СЈО биле информирани непосредно пред нејзиното објавување. 
Што се однесува до судбината на случајот „Империја“ на СЈО во кој еден од осомничените е сведокот на ЈО против Јовановски и Милевски, Ристоска рече дека актуелната истрага на Јавното обвинителство нема да влијае врз таа истрага.
„Основ за сопирање на истрага не е водењето на друга паралелна кривична постапка.“ 
Ристоска потврди дека во случајот „Империја“ имало основи за сомнение за сторено кривично дело.

DW.COM

Реклама