СЈО на прес-конференција: „дожд“ од обвиненија | Македонија | DW | 29.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СЈО на прес-конференција: „дожд“ од обвиненија

Специјалното јавно обвинителство денеска на прес-конференција ќе ги соопшти подигнатите обвиненија за сите преземени и отворени случаи, освен за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, дознава ДВ.

На еден ден пред истекот на законскиот рок, Специјалното јавно обвинителство на прес-конференцијата ќе соопшти за кои случаи ќе поднесе обвиненија. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 22-ри мај, кога беше најавено отворањето на три нови истраги: „Траекторија“ (за изградба на автопат), „Тревник“ (за незаконски изградени викендички) и „Талир“ (за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ).
Според информациите на ДВ, единствено за случајот Талир во кој првоосомничен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски нема да биде подигнато обвинение од процесни причини. СЈО досега подигна три обвиненија: за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, за нарачаното насилство во општина Центар, и за случајот „Транспортер“.

Во сите други случаи за кои беше отворена истрага во изминатите 18 месеци ќе биде поднесено обвинение. Во нив беа опфатени серија законски прекршувања и кривични дела, од изборни измами, незаконско следење на комуникации преку корупција и злоупотреба на службена должност. Сите досегашни случаи на СЈО започнуваа на буквата „Т“, меѓу нив:  „Титаник“ , „Таргет“, „Тврдина“, ,„Тенк“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Трезор“, „Тортура“, „Тендери“, „Тарифа“, „Труст“, „Табла“, „Триста“, „Тотал“, „Тифани“, „Топлик“, „Тревник“...

DW.COM

Реклама