Сѐ уште важат истите правила за работа и доселување во Германија | Економија | DW | 03.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Сѐ уште важат истите правила за работа и доселување во Германија

Германската амбасада во Скопје денеска ги демантираше информаците во дел од македонските медиуми во врска со доселувањето и работата во Германија.

По серијата неточни информации во дел од македонските медиуми околу правилата за работа и доселување во Германија, амбасадата на СР Германија во Скопје денеска излезе со демант во кој се вели:

„Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб-страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи.“

Потсетуваме, дека германската влада на 19 декември даде зелено светло за нов предлог-закон за доселување, но тој сѐ уште не стигнал на дневен ред во парламентот во Берлин. Тоа би требало да се случи во текот на оваа година. Новиот предлог-закон има за цел да ја направи Германија поатрактивна за стручњаци кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ. Критичарите се жалат поради тоа и велат дека намерата на новите правила била само да се привлечат стручњаци. Затоа, тие бараат планираните измени да важат и за други категории лица.

 

DW.COM

WWW-линкови

Реклама