Судскиот совет ќе ја утврдува одговорноста на тројца судии | Северна Македонија | DW | 15.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Судскиот совет ќе ја утврдува одговорноста на тројца судии

Во Судскиот Совет засега се водат постапки за утврдување на одговорноста на пет судии. За двајца постапката веќе тече, а за тројца ќе започне денес. На разгледување чекаат и околу 170 претставки

Судскиот совет (СС) денеска ќе расправа по барањето за поведување на постапка за утврдување на одговорност за тројца судии. За двајца судии постапката веќе тече. Барањата се наследени од неодамна укинатиот Советот за утврдување на факти, кој претходно беше овластен подносител на ваквите барања. Сега, Судскиот совет на денешната седница треба да донесе одлуки кои од неговите членови ќе бидат овластени подносители на барањето, со цел да започне постапката за утврдување на одговорноста и да финишира со одлука. Според дневниот ред, тоа е шеста точка за расправа, но на дел од седницата кој нема да биде јавен. Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, вели дека не се објавуваат имињата на судиите за кои е побарано утврдување на одговорноста. Но, со оглед дека дел од овие барања се наследни од Советот за утврдување на факти, кој јавно објави за кого ќе бара одговорност, најверојатно станува збор за дел од петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, кој го ослободи од притвор тогаш избеганиот бизнисмен Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст" на СЈО.

Според процедурата, денеска не може да се очекува конечна одлука, бидејќи почнува иницијалната фаза, во која се реферира за дозволеност и навременост на барањата. Со ждрепка се избира Комисија која ќе ја утврдува основаноста на барањето, ќе ги разгледува доказите и може да побара и други, по што ќе следи расправа, а на крајот и одлука.

Mazedonien Protest vor dem Verfassungsgericht in Skopje Sicht von der alten Steibrücke (DW/P. Stojanovski)

Дали станува збор за дел од петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, кој го ослободи од притвор тогаш избеганиот бизнисмен Сеад Кочан?

Претставките не се слика за судството

Судскиот Совет од укинатиот Совет за утврдување на факти наследил и 110 претставки, а во меѓувреме стигнале нови 50 до 60. Сите ќе бидат распределени до членовите на СС, кој ќе ги разгледува на посебна седница еднаш месечно. Караџовски вели дека сите претставки не се однесуваат за барање за разрешување судии, туку во нејголем дел станува збор за жалби и поплаки од граѓани, организации и институции заради однесување на судија, за текот на постапката и.т.н. Бројката на претставки не се смета за невообичаена, бидејќи се движи во ист или сличен обем, а голем дел од нив се однесуваат на ситни неправилности, небитни за постапката. Каква е денес состојбата во судството, кое и натаму е мета за критики за подложност на политичко влијание, превртливост, менување партиска страна итн.

„Состојбата ќе се подобрува и воопшто не е таква каква што се претставува преку разни шпекулации и лажни вести кои влијаат врз работата на судовите“, вели Караџовски. Констатира дека во моментов нема анализа која ќе ги прикаже состојбите во судството, но од пред неколку месеци невладина организација започнала такво истражување, па се очекува од него да произлезе првата рефлексија за состојбите.

Повеќе на темата: 

Битка за судството

Караџовски: Судијата Тодоровски не бил на дневен ред на Советот

Поголем надоместок за поротниците

Во СС се задоволни што од Министерството за правда има позитивен одговор на барањата за зголемување на финансискиот надоместок на судиите поротници, со што ќе се подобри ефикасноста во функционирањето на судскиот систем. Според последниот Правилник од 2010 година, надоместокот за судија-поротник во основните судови со основна надлежност изнесува 125 денари, а во апелациските и во судовите со проширена надлежност  200 денари. Сега во Апелациониот и во Одделот за организиран криминал во Основиот суд тој надоместок ќе изнесува 600 денари, во судовите со проширена надлежност 500 и 300 во судовите со основна надлежност.

Потребни се и законски измени во делот на условите што треба да ги исполнуваат судиите поротници за нивниот избор, за да се мотивараат за ваквиот ангажман. Во моментов судовите немаат доволен број судии-поротници, па за да не се одложуваат судењата честопати „ги позајмуваат“ еден од друг.

Но, од Судскиот совет реагираат и сѐ уште чекаат одговор од Владата зошто им е одземен простор од околу 150 метри квадратни, кој им бил даден на трајно користење. Во тој простор планирале сместување на Центар за статистика и аналитика на СС, и испланирале средства од буџетот за таа намена. Но, без никаква претходна консултација со СС, Владата на седницата од 30 јануари, одлучила тој простор даѝи го додели на трајно користење на Агенцијата за управување со одземен имот.

 

DW.COM

Реклама