Стратешки дијалог: Македонската армија ќе се модернизира со 40 милиони долари помош од САД | Северна Македонија | DW | 03.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Стратешки дијалог: Македонската армија ќе се модернизира со 40 милиони долари помош од САД

Стратешкиот договор се одржа на 2 јуни во Вашингтон и беше фокусиран на продлабочување на билатералното партнерство.

Северна Македонија ќе добие 40 милиони долари како помош од САД за модернизација на македонската армија. Ваква најава пристигна од Вашингтон каде се одржа стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Од македонската страна, во стратешкиот дијалог учествуваа министрите за надворешни работи, Бујар Османи, за економија Крешник Бектеши и за одбрана Славјанка Петровска. Таа порача дека Владата и Министерството за остануваат цврсто на ставот за раст на одбранбениот буџет од 1,77 отсто од БДП годинава до 2 отсто до 2024 година, како и 20 отсто од овој буџет да биде наменет за опремување и модернизација. 

Петровска се заблагодари за финансиското учество од САД во набавката на новите лесни оклопни транспортери кои значајно ќе влијаат на подобрувањето на капацитетите на македонската армија. Претставник на Пентагон на стратешкиот дијалог беше заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер. Таа потенцираше дека САД досега вложиле речиси 45 милиони долари во модернизацијата на АРМ и дека само оваа година се планирани дополнителни 40 милиони долари преку програмата за воено финансирање и програмата 333. САД ќе ја поддржат Северна Македонија и со експертска, но и со финансиска помош од 4,5 милиони долари за градење на капацитети за сајбер одбрана. 

Стратешкиот договор се одржа на 2 јуни во Вашингтон и беше фокусиран на продлабочување на билатералното партнерство. САД и Северна Македонија ја потврдија својата посветеност на регионалната интеграција на Западен Балкан преку политички, економски и безбедносни иницијативи и ја истакнаа својата поддршка за економската интеграција и просперитетот на Западен Балкан. САД ја потенцираа важноста за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ за Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро.