Стани дел од Balkan Booster!
27 февруари 2020Сакате да дознаете како живеат луѓето во соседните земји и какви се нивните приказни? Заинтересирани сте за различните идентитети на Балканот, вклучително и оние кои се загрозени? Ако Вашите одговори се „да“, а покрај тоа уште сакате и да снимате видеа со мобилен телефон и активно да ги користите социјалните мрежи, тогаш сте на вистинското место!
Дојче веле бара учесници за проектот Balkan Booster за 2020 година. За повеќе информации за проектот следете го хаштагот #dw_BalkanBooster или посетете ја нашата посебна Balkan Booster страница.
Кандидатите/кандидатките треба да ги исполнуваат следните услови:
1. Да живеете во РС Македонија
2. Да имате помеѓу 19 и 25 години
3. Да студирате новинарство или да имате новинарско работно искуство
4. Да сте подготвени да работите во тим и да патувате
5. Да имате време да учествувате на тридневна обука за видео-новинарство во април или мај 2020 година
6. Да сте мотивирани за истражување и работа на приказни за различните идентитети во балканските земји
7. Активно да користите социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм и Твитер)
8. Активно да користите (да зборувате и пишувате) англиски јазик
9. Знаете да монтирате видеа? Тоа е предност!
10. Да сте мотивирани да научите повеќе за другите земји, идентитети и култури на Балканот
Ако сте заинтересирани и сакате да станете дел од големото Balkan Booster семејство на Дојче веле, испратете ни ја својата пријава (биографија на англиски јазик и кратко видео во траење до една минута во кое ќе ја наведете Вашата мотивација за проектот) најдоцна до 13 март 2020 година на имејл адресите: balkanbooster@dw.com и balkan-booster@dw.com.