Србија-Косово:„Историски прогрес“ | Информации и анализи за Балкан | DW | 14.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Србија-Косово:„Историски прогрес“

Претставници на Србија и на Косово во Минхен потпишаа договори за обновување на железничките врски и изградба на автопат Белград-Приштина. На потпишувањето присуствуваше и американскиот амбасадор Ричард Гренел.

Американската амбасада во Берлин објави на Твитер дека амбасадорот Гренел ја започнал конференцијата за безбедност во Минхен со историско потпишување на договор за железница и автопат меѓу Србија и Косово, по минатомесечниот договор за обновување на директните летови меѓу Белград и Приштина.

„Она што го направивме всушност е дека договоривме начин  да ги отвориме железничка врска и автопат. Како што знаете, веќе се договоривме за авионска линија меѓу Белград и Приштина, така што ова се два нови договори “, изјавил Гренел по потпишувањето на договорот.

Повеќе:

-Моја Европа: „Дилот“ на Трамп на Балканот

-Владата на Курти на Косово: По зборовите мора да следат дела

Гренел, специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, повтори дека „се обидува што е можно повеќе да се фокусира на економскиот развој и создавањето на работни места“.

„Морам да кажам дека од самиот почеток, двајцата претседатели се согласија дека ова треба да биде во фокусот. Благодарен сум што успеавме да стигнеме до оваа точка “, рече Гренел.

DW.COM

Реклама