Фотографија на денот: Под мраз | Свет | DW | 11.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Под мраз

Чамци оковани во мраз на реката Елде, североисточна Германија, снимени со дрон од птичја перспектива. Природата како конкурент на уметниците!

Прекрасната #ФотографијаНаДенот ја прикажува поубавата страна на зимата овој февруари во Германија. Земјата, меѓутоа, и натаму се бори со студот и снегот. Освен проблемите на патиштата, деновиве во Нирнберг и Јена повеќе илјади домаќинства имаа и проблем со греењето поради хаварии на централи и на систем за довод на топлина, па дел од нив беа пренесени во сместувалишта за ургентни случаи. Според метеоролозите, изминатата ноќ била најстудената годинава - најниската измерена температура е минус 26,7 степени Целзиусови.