Фотографија на денот: Зимскиот хаос и досетливите Германци | Информации и анализи за Германија | DW | 10.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Фотографија на денот: Зимскиот хаос и досетливите Германци

Кога на улиците има многу снег, па движењето е отежнато, кога на автобус или трамвај се чека долго на огромен студ, потребни се иновативни решенија.

Овој жител на Лајпциг размислувал практично, па за да стигне онаму каде што треба, се качил на скии. Германија и натаму се бори со снегот и мразот, но во текот на изминатата ноќ ситуацијата беше нешто подобра и немаше колони возила на автопатите со часови. Метеоролозите најавуваат помалку снег во наредните денови, но температурите остануваат ниски - до минус 25 степени Целзиусови.