Снежниот хаос во Германија трае | Свет | DW | 09.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Снежниот хаос во Германија трае

Снегот и мразот „заковаа“ големи делови од Германија. Стотици луѓе ноќта ја минаа во своите возила на автопатот А2, дел од нив на студот беа изложени цели 16 часа.

Екстремните временски услови со огромни наноси снег парализираа делови од Германија. На автопатот А2 кај Билефелд стотици луѓе ја минаа ноќта во своите возила. Автопатот извесно време беше затворен во двата правци, па околу Билефелд изутринава имаше колони долги 70 километри. Огромен застој во сообраќајот имаше и на други автопати, како А4.

Deutschland Winterwetter l Lage nach Stau auf der A2

Состојба на автопатот А2

Германската железница денеска зборува за „екстремно невреме“, поради кое во голем дел од земјата има доцнење на возовите или целосен застој на железничкиот сообраќај. Екипите работат забрзано на расчистување на шините, особено на главните сообраќајни релации, но работата оди тешко поради големите наноси снег и мразот. Сојузниот министер за сообраќај Андреас Шојер апелираше до граѓаните да се откажат од патување, барем до среда.

BdT Deutschland Winter Schnee Wetter

Од под снегот ѕиркаат само шините кои се загреваат со помош на струја

Химанитарните организации во меѓувреме го зајакнуваат својот ангажман за бездомниците. Во Хановер од вчеравечер повторно сообраќа т.н. „Автобус во време на студ“ на Јоханитер, кој ги снабдува бездомниците со топол оброк и пијалоци. Франкфурт, пак, уште на викендот го продолжи работното време на преноќевалиштето во една од подземните станици  на железницата.

Гледај видео 00:58

Зимската бура предизвика хаос во Германија