Снабдување со гас: Германија прогласи „тревога“ | Информации и анализи за Германија | DW | 23.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Снабдување со гас: Германија прогласи „тревога“

Драстичното намалување на испораките на руски гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1 има натамошни последици: активиран е вториот алармирачки степен од планот за вонредни ситуации во снабдуваето со гас.

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек на денешната пресконференција

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек на денешната пресконференција

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја прогласи втората кризна фаза од германскиот план за вонредна ситуација во снабдувањето со гас. Причината за ова е намалувањето на испораките на руски гас што е во сила од средината на јуни и високите цени на овој енергенс на пазарот, изјави Хабек во четвртокот во Берлин. Ситуацијата, според министерот, во моментов е „напрегната“, но сигурноста на снабдувањето е загарантирана.

„Редукцијата за снабдување со гас која ја воведе Путин е економски напад врз нас. Ќе се браниме. Но, нашата земја ќе мора да оди по трнлив пат. Дури и ако тоа во моментов не го чувствуваме, нашата земја е веќе во криза со гасот“, рече Хабек, дополнувајќи:  

„Отсега натаму гасот е дефицитарна стока. Цените се веќе високи и мораме да се подготвиме за натамошни поскапувања. Главниот приоритет сега е полнењето на резервоарите за складирање гас. Ќе се бараат алтернативни добавувачи и ќе се прошират обновливите извори на енергија. Покрај тоа, мора да се заштеди повеќе гас“, рече Хабек, кој на 30 март годинава ја активираше првата фаза од тристепениот план за вонредна ситуација  во снабдувањето со гас, односно фазата на „рано предупредување“

Северен тек 1: Испораките на руски гас за Германија се драстично намалени

Северен тек 1: Испораките на руски гас за Германија се драстично намалени

Гарманската влада наведе дека за активирањето на втората фаза од германскиот план, односно степенот на „тревога“ претходно ги известила европските парнери. Инаку третата фаза од планот означува „вонредна ситуација“.  Владата додаде оти во складиштата за гас во моментов се пополнети 58 отсто од капацитетите, што е повеќе во однос на минатата година, како и дека до декември без дополнителни мерки не е можно да се пополнат 90 насто од капацитетите за складирање. Ако се започне третата највисока фаза од планот за вонредна ситуација со гас, Германија ќе воведе рационализација на гасот.

Од  „рано предупредување“ до „вонредна ситуација“

Планот за вонредната ситуација со гас ја регулира процедурата во Германија ако ситуацијата со снабдување се заканува масовно да се влоши - или ако е тоа веќе случај - и има три степени: ниво на рано предупредување, ниво на тревога и ниво на вонредна ситуација.

Во фазата на рано предупредување, снабдувачите со гас треба да извршат подготовки. Треба да се стори сѐ максимално да се искористат транспортните капацитети во мрежите. Треба да се интензивира соработката со операторите на мрежите во соседните земји. Сојузната агенција за мрежи сега има задача да развие критериуми по кои индустријата и секторите и натаму ќе се снабдуваат со гас дури и во контекст на таканаречениот недостиг на гас.

Снабдување со нафта и гас: Кои земји би можеле да ја заменат Русија?

Следи нивото на тревога. Според планот, овој степен е достигнат кога постои запирање во снабдувањето со гас или има исклучително голема побарувачка за гас, што доведува до ново значително влошување на ситуацијата во снабдувањето со гас - но, пазарот и натаму е во состојба да се носи со ова нарушување или побарувачка.

И потоа следи највисокото ниво: вонредна ситуација. Во тој случај постои „исклучително голема побарувачка за гас, значителен прекин во снабдувањето со гас или друго значително влошување на состојбата со снабдувањето“, пишува Сојузното Министерство за економски прашања и клима, опишувајќи сценарија на вкупно 37 страници.