Смртна опасност за Евреите во Германија | Свет | DW | 10.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Смртна опасност за Евреите во Германија

Посетителите на синагогата во Хале за влакно избегнаа масакр од страна на неонацист и тоа на најголемиот еврејски празник. Антисемитизмот не смее да се банализира, коментира главната уредничка на ДВ, Инес Пол.

Во една синагога во источна Германија на заедничка молитва и прослава на еврејскиот празник Јом Кипур се собраа над 70 еврејски верници. Само благодарение на добро обезбедната влезна врата на синагогата е спречен влез на Германец кој имал за цел да направи крвопролевање со рачни гранати и јуришно оружје.

Осумдесет години по почетокот на Втората светска војна, во која од страна на Германците беа убиени над 6 милиони Евреи, Евреите повторно мора да стравуваат за својот живот доколку отворено ја истакнуваат својата религија, доколку посетуваат синангога.

Што зборува тоа за Германија? И што значи тоа што 27-годишник го снима своето дело со камера од шлем и прави стриминг на интернет, на страница за видео-игри? Тој се инсценира како атентаторот од Крајстчрч во Нов Зеланд и - пред да почне да пука - за интернационалната публика на англиски вели: „The root of all problems are the Jews“ (Евреите се коренот на сите проблеми).

Ines Pohl Kommentarbild App (DW/P. Böll)

Инес Пол, главна уредничка на ДВ

Страдањето не може и не смее да се релативизира. Затоа нашето сочувство мора прво да се упати кон семејствата на мажот и жената кои напаѓачот брутално ги уби во текот на бегството.

Но, погледот не смее да се врти настрана. Не недостигаше многу за во Германија оваа среда да дојде до масакр врз Евреи.

Ова дело докажува дека растечкиот, смртоносен антисемитизам во оваа земја не е ограничен на исламистичките терористи. Оној што тврди такво нешто - лаже и се противи да ѝ погледне в очи на стварноста. Ова дело потенцира дека зашттата на еврејските установи во Германија се и натаму животно важни. Важни се и по речиси 75 години од крајот на националсоцијалистичкото владеење. Тоа што синагогата немала обезбедување на празник како Јом Кипур отвора прашања.

И, ова дело докажува дека и најмалите укажувања за потенцијални антисемитистички мотивирани дела треба да се сфаќаат сериозно и мора да се постапува консеквентно. Тука се вбројува и палење на израелско знаме и навреди на верници кои покажуваат дека се Евреи со тоа што носат кипа.

Антисемитизмот не смее да се банализира. Зашто не постои нешто како „мала омраза“ кон Евреите. Никаде, а особено не во Германија.

DW.COM

Реклама