1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенците нудат пари, Македонија не ги сака!?

23 март 2010

Македонија ризикува да изгуби околу два милиони евра словенечка помош за десетици потенцијални проекти, поради неефикасноста и пасивноста на институциите, дознава Дојче веле.

https://p.dw.com/p/MZhD

Словенечкото министерство за надворешни работи редовно издвојува фиксна сума пари за помош на земјите од Западниот Балкан како врвен приоритет на Љубљана.

Според новата словенечка стратегија, оваа помош наместо да биде годишна, се оддолжува на четири години, а словенечкото министерство за надворешни работи од сите земји во регионот ги одбра Македонија и Црна Гора за фаворити. Бидејќи овие две мали држави добиваат значителн помалку странска помош од соседите, Љубљана сака да им помогне.

Проекти за екологија, зајакнување на правата на жените и децата...

Аленка Сухадолник од Одделението за меѓународна помош објаснува за што се‘ можат да се користат словенечките пари:

“Задволство ми е да кажам дека Црна Гора и Македонија се нашите две програмски земји за 2010, тоа значи дека ние имаме намера да обработиме програма за наредните четири години. Јас го посетив Скопје, таму разговаравме и објаснивме што е обележано за програмите за Македонија. Тоа се околу 1,5 милиони евра за проекти во областа на животната средина, и дополнителни 200.000 за зајакнување на институциите во Македонија и дополнителни пари за проекти од областа на правата на децата, зајакнување на правата на жените и слично“.

Подгорица навреме ги испрати своите проекти, а словенечките пари ќе ги добие во наредните месеци.

EU Erweiterung Slowenien Platz in Ljubljana
Во Љубљана очекуваат одговор од СкопјеФотографија: AP

Сухадолник додава дека се надева дека во најскоро време ќе стигнат понудите за проекти од Македонија, инаку овие пари од словенечкит буџет ќе мораат да се пренасочат за други држави, бидејќи тие мораат да се потрошат:

“Се‘ уште не сакаме да веруваме дека нема да пристигнат предлози од Македонија и чекаме на нивниот одговор и се надевам дека тој ќе пристигне многу бргу.“

Словенечки дипломатски извори велат дека до ноември имале контакт-лице во СЕП, но откако се случиле промени во оваа институција, од Македонија ни трага ни глас. Словенците биле информирани дека оваа задача сега е во рацете во МНР на Македонија, но оттаму никој не ги контактирал, нити знаат каде да се обратат за да и‘ подарат на Македонија над два милиони евра.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска