Слави Трифонов лут што Бугарија испратила пожарникари во С. Македонија | Северна Македонија | DW | 05.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Слави Трифонов лут што Бугарија испратила пожарникари во С. Македонија

Лидерот на „Има таков народ“ вечерва реагираше зошто претседателот и привремената влада одлучиле да испратат пожарникари на помош во соседната Северна Македонија, кога пожари горат и во неговата земја.

Спорна е помошта за совладување на пожарите во Северна Македонија, кога пожари горат и во Бугарија, протестира лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов. Трифонов, чија партија треба до утре да обезбеди мнозинство за формирање на влада во Бугарија, вечерва преку Фејсбук ја критикуваше одлуката која ја донесоа претседателот Румен Радев и привремената влада за испраќање на пет противпожарни возила во соседната земја.
„Прекрасно е да си солидарен, да си добар и да даваш поддршка. Но не мислам дека кога горат твојата куќа и куќата на соседот истовремено, ти треба да заминеш да го гасиш тој на комшијата“, порача Трифонов.
„Одлично е што и помагаме на Северна Македонија и така е правилно, но до што води тоа? Кај нас пожарникарите не се доволи и со пожарите треба да се справуваат шумските службеници“.

Nordmazedonien Waldbrände in der Region der Stadt Pehchevo

Бугарија испрати пет противпожарни возила на помош во С. Македонија. Фото: Пожарникари од Струмица одмараат по тешката ноќна битка со пожарите кај Пехчево

Предлогот за испраќање на помош во С. Македонија дојде од претседателот Радев на 3 август, пред да пламнат пожарите во неговата земја. Денеска веќе стана извесно дека големиот пожар кој избувна во околината на Пехчево е закана и за Бугарија. Локалните власти во бугарската општина Симитли веќе алармираа дека огнената стихија опасно се приближува до границата и е на само два километри воздушна линија, а поради силните ветрови може многу брзо да ги зафати и општините од другата страна на границата.