1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Jugoslawien l Erdbeben in Skopje 1963
Фотографија: United Archives International/Imago Images
Катастрофи

58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

МИА | ЕМФ
26 јули 2021

Скопје денеска одбележува 58 години од земјотресот кој го разори градот. Во земјотресот животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени

https://p.dw.com/p/3y2p5

На 26 јули 1963 година Скопје се разбуди под урнатини. Во катастрофалниот земјотрес кој го погоди градот во 5 часот и 17 минути животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Jugoslawien l Erdbeben in Skopje 1963
Фотографија: Keystone/Zuma/Imago Images

Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Скопје стана град на меѓународна солидарност.

55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание ѝ даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Николај Милков и Бујар Османи

Милков за Северна Македонија: Топката е на нивен терен!

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница