Сијарто: Се среќавам, и ќе се среќавам со Груевски | Северна Македонија | DW | 13.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Сијарто: Се среќавам, и ќе се среќавам со Груевски

Никола Груевски ја поддржува евро-атлантската интеграција на својата земја, рече денеска во унгарскиот парламент, шефот на дипломатијата Петер Сијарто. Опозицијата го критикуваше поради неговите средби со експремиерот.

Ungarn, Budapest: Außenminister Peter Szijjarto hält eine Pressekonferenz (Reuters/B. Szabo)

Петер Сијарто

„Со Груевски досега редовно сум се среќавал, и тоа ќе го правам и во иднина“, одговори шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто (на насловната фотографија) на критиките од опозицијата во денешната расправа во парламентот во Будимпешта.
Пратеничката Агнес Вадаи го критикуваше Сијарто по информациите во унгарскиот печат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски се среќавал со унгарски дипломати во станови во Будимпешта, меѓу нив и со заменикот државен секретар во унгарското МНР.

„Доколку сакаме да ги добиеме најавтентичните информации за тоа што се случува на Западниот Балкан, како се движат процесите таму, нема подобар извор за тоа од човекот кој беше премиер во тој регион цели 10 години“, рече Сијарто.

„И да, ние постојано разговараме со него. Каде и како не е важно. На пример, во министерството јас често разговарам со него во мојата канцеларија. Ќе ги одржуваме контактите со него и во иднина, и ќе продолжам да го консултирам за Западниот Балкан и во иднина. И да ви кажам уште нешто драги колеги, Никола Груевски ја поддржува евро-атлантската интеграција на неговата земја“, рече Сијарто. 

Поранешниот македонски премиер, кој е осуден на две години затвор и против кого се водат неколку судски постапки, побегна на 11 ноември и, преку Албанија, Црна Гора и Србија со помош на унгарски дипломати, стигна во Унгарија, каде експресно доби политички азил.

DW.COM

Реклама