Ситуацијата по нападот врз хотелот во Сомалија е под контрола | Свет | DW | 13.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ситуацијата по нападот врз хотелот во Сомалија е под контрола

Во напад врз хотел во сомалискиот град Кисмајо се убиени 26 лица. Одговорност за нападот презеде терористичката група Ал Шабаб.

Нападот врз хотелот, кој траеше повеќе од десет часа, е завршен. Безбедносните сили ја имаат ситуацијата под контрола, соопштија сомалиските власти. Во соопштение на претседателот на регионот Џубаленд се вели дека во нападот се убиени 26, лица, а повредени се 56.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Ал Шабаб. Според наводи на полициски офицер, прво атентатор самоубиец се кренал во воздух во автомобил пред хотелот, а потоа напаѓачи се втурнале во објектот. Борбите со безбедносните сили траеја цела ноќ.

Портпарол на локалните власти соопшти дека имало најмалку петмина напаѓачи, кои се убиени. Меѓутоа, полицијата не исклучува дел од напаѓачите да избегале.

Убиена позната новинарка

Во хотелот често престојуваат политичари, како и Сомалијци кои живеат во странство. Меѓу жртвите, како што се вели, е и познатата канадска новинарка, родена во Сомалија, Ходан Налајех, како и еден кандидат на регионалните избори во земјата. Освен тоа, убиени се странци, односно тројца државјани на Кенија и Танзанија, како и двајца Американци. Една жртва е од Кина, а има и една жртва од Велика Британија.

Повеќе: Какви цели следи Ал-Шабаб?

Терористичката милиција Ал Шабаб контролира големи подрачја на југот и во централна Сомалија и постојано напаѓа безбедносни сили и цивили. Сунитските фундаменталисти, кои се поврзани со Ал Каеда, се борат за превласт во сиромашната земја на Рогот на Африка. Американските сили и мировни трупи на Африканската унија и’ даваат поддршка на владата во борбата против Ал Шабаб.

DW.COM

Реклама