1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Какви цели следи Ал-Шабаб?

Филип Сандер/ СН16 декември 2014

Исламистичката полиција Ал-Шабаб има корени во Сомалија. Во меѓувреме нивните борци ја тероризираат речиси цела Источна Африка. Посебно е загрозена Кенија.

https://p.dw.com/p/1E4TM
Фотографија: picture alliance/AP Photo/Sheikh Nor

Корени: Сомалиската граѓанска војна

Ал-Шабаб значи „младина“. Групата е основана меѓу 2004. и 2006. година, кога Сомалија веќе 15 години беше зафатена со граѓанска војна. Таа потекнува од две стари исламистички организации во земјата, Исламската унија и Унијата на исламски судови. Наводно со цел да воспостави јасни односи во хаотичната земја зафатена со граѓанска војна, Унијата на исламски судови се решава да го основа милитантното крило Ал-Шабаб. На негово чело најпрво беа Дахир Хасан Авејс од Исламската унија и Аден Хаши Неро.

Во средината на 2006. година Унијата го освои југот на Сомалија. Но победата траеше кусо. Соседна Етиопија во декември и’ објавува војна, поддржана од САД. За само неколку дена Унијата беше принудена да се повлече. Борците на Ал-Шабаб ја продолжија војната и до 2009. година им појде од рака да ги вратат загубените територии.

Infografik Karte Al Shabaab in Kenia und Somalia

Ширење: Интеграција во глобалниот тероризам

Под водство на Ајрос беа воспоставени контакти со меѓународните џихадистички организации како што е Ал-Каеда. Во март 2008. година САД ја означија Ал-Шабаб како терористика организација. Две години подоцна истото го сторија и Велика Британија и Канада. Кога малку подоцна во воздушните напади е убиен Ајрос, неговиот наследникм Муктар Абу Зубејр го продолжи започнатото. Тој ги интензивираше контактите со терористичката организација Ал-Каеда. Слично на неа и Зубејр сѐ повеќе почнува да го користи интернет во пропагнадни цели и регрутира борци и во странство меѓу сомалиската дијаспора, како на пример во Велика Британија и во САД. Ал-Шабаб постепено ги проширува операциите на територијата на соседните земји.

Непријатели: соседните земји и Западот

Исламистите од групата Ал-Шабаб се заколнаа на борба против Западот и пред сѐ Етиопија, кои наводно со заеднички сили сакаат да го уништат Исламот. Со оглед дека односот на Сомалија и Етиопија е оптоварен со стари конфликти, на Ал-Шабаб му појде од рака за кусо време да си обезбеди широка поддршка во земјата.

Somalia Selbstmordanschlag bei Mogadishu
Фотографија: Reuters/F. Omar

Откако нивните борци повторно киднапираа Европејци од Кенија, кениските војници на крајот на 2011. година влегоа во Сомалија. Во Кенија живее малцинство кое во голем дел се состои од сомалиски бегалци. Истакнувајќи дека тие се обесправени во Кенија, Ал-Шабаб настојува своите сонародници и браќа по вера да ги мобилизира за остварување на своите цели.

Како дел од војната мисија на Африканската унија во Сомалија (АМИСОМ), Кенија во меѓувреме може да протера исламисти од поголемиот дел на Сомалија. Но, цената е висока. Ал-Шабаб повторно ја интензивираше борба од илегала. Во нападите на исламистите во Кенија оттогаш животот го загубија голем број луѓе. Најтежок удар беше изведен во септември 2013. година. Во нападот на трговскиот центар Вестгејт во главниот град на Кенија, Најроби тогаш загинаа најмалку 67 лица. Поради растечкиот тероризам населението во Кенија се’ помалку ги поддржува воените акции.