Сите против Трамп | Свет | DW | 28.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сите против Трамп

Демократите во напад на Трамп. На третиот ден од конгресот како да беше дадена наредба „со сите оружја против Трамп“. Претседателот Обама со пофалби за демократскиот кандидат: „Никој не е квалификуван како Клинтон“.

Американскиот претседател Барак Обама со полна уста пофалби за Хилари Клинтон. На партискиот конгрес на демократите во Филаделфија, Обама рече дека „никој не бил толку квалификуван како Хилари Клинтон“ за претседателската функција во САД.

Обама зборуваше за тоа како ја доживувал свежо номинираната демократска кандидатка за претседател во времето кога беше министерка за надворешни работи. Дури и во кризни ситуации таа ги слуша луѓето, го задржува мирот и секого го третира со почит, не се предава ниту кога условите се екстремно тешки, рече Обама. Тој особено нагласи дека Клинтон има „конкретни планови“ за да ги урне општествените бариери и да ги подобри шансите на секој американски граѓанин. Што се однесува пак до кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, Обама подвлече дека тој „нема концепт“ за претседателството.

По говорот на Обама, изненадувачки на бината излезе и Хилари Клинтон, која не зборуваше. Нејзиниот говор е најавен за денеска, кога треба и формално да ја прифати номинацијата за претседателски кандидат.

Кејн го имитира Трамп

Атмосферата на конгресот уште пред говорот на Обама ја подгреа поранешниот градоначалник на Њујорк и екс-републиканец, Мајкл Блумберг. Тој, републиканскиот кандидат Доналд Трамп го нарече „опасен демагог“. „Јас сум њујорчанец, а ние во Њујорк знаеме да препознаеме измамник кога ќе го видиме.“

Поранешниот шеф на ЦИА Леон Панета ги стави под прашање способностите на Трамп по воени прашања: „Тој не смее да стане врховен командант на вооружените сили“, рече Панета.

Гледај видео 01:02
Now live
01:02 минути

Сандерс го засени изборот на Клинтон

Кандидатот на Клинтон за потпретседателската функција, Тим Кејн, во својот говор, со стилот на кој зборуваше, го имитираше Доналд Трамп. „Типот“ ветува многу работи и потоа додава зборови како „Верувајте ми!“, рече Кејн за Трамп. „Повеќето луѓе кои се кандидати за претседател не велат едноставно 'Верувајте ми!'. Тие имаат доволно респект за да кажат како сакаат да им пристапат на работите.“

Трамп побара од Американците да му веруваат дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико, дека брзо ќе ја уништи терористичката милиција Исламска држава и дека во неговата даночна пријава - која не сака да ја објави - не „смрди“ ништо, критикуваше Кејн. „Оттука, прашањето што се поставува е: дали навистина му се верува? Целата кариера на Доналд Трамп е доказ дека е подобро да не му се верува.“

Кејн во својот говор, освен тоа, зборуваше во прилог на Хилари Клинтон. Американците би требало да изберат кандидат кој докажал дека може да му се доверат задачи. Клинтон е добро подготвена, со оглед на вербата што ја има и искуството кое го стекнала досега. Кејн својот говор го заврши со зборовите: „Хилари е подготвена. Подготвена е да се бори, подготвена за победа, подготвена да води.“

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама